За македонската гастрономија

3

Сонце, топлина, тивко ветре… Пријатната клима на Македонија, поради влијанието на топлите медитерански струи што доаѓаат од долините на реките, плодната земја и големиот број на сончеви денови, овозможуваат плодна жетва. Македонија е едноставно кажано, ризница на ароми и вкусови за гурманите и вљубениците на домашната, добра храна. Таа нуди различни производи вкусни и полни арома, вклучувајќи ги и агрумите, грозјето, костените, лешниците, оризот, тутунот, планинските лековити чаеви, зачините…

 

Посебно внимание се посветува на одгледувањето вкусно и здраво свежо овошје и зеленчук. Најпопуларниот зеленчук во Македонија се доматите и пиперките. Затоа секој ручок започнува со салата која популарно во народот се вика “мезе” и со аперитив, које најчесто домашна ракија. И зачините се многу важни во македонската кујна – убава декорација во секое домаќинство е венец на суви лути црвени пиперки кои се користат за готвење во текот на зимата. Омилени и неибежни делиции се: Ајвар, Пинџур, Лутеница, Макало, Таратор, Шопска салата, Туршија…

 

Одличниот квалитет на македонскиот грав и специфичниот начин на неговата подготовка придонесува за извонредниот вкус на традиционалното македонско јадење “Гравче тавче”. Незаборавно задоволство се различните вкусни традиционални специјалитети на Македонија, кои сигурно треба да си ги дозволите, “Турли-тава”, “Охридска пастрмка”, “Чомлек”, “Полнети пиперки”, “Пастрмајлија”, “Мусака”, “Капама”, “Шкето”, “Сарма од лозов лист”, “Селско месо”, “Ориз-тава”… Посебно се вкусни и македонските чорби кои можете да ги пробате во безброј комбинации.

 

Македонија е богата и со телешко, јагнешко и пилешко месо, а и има богата понуда на дивеч. Особено е позната по производство на сирење, младо бело солено сирење и жолто-златно сирење – кашкавал, како и по млекото, кајмакот и јогуртот. Секое македонско село има единствен и посебно вкусен вид на домашно сирење. Тука мораат да се спомнат и извонредните различни македонски пити и зелници, полнети со сирења, урда, спанаќ, праз, тиква… И сето тоа на крај засладете го со добрата ориентална раванија, кадаиф, тулумби или баклава…

 

Благодарение на изобилството на сонцето, македонската ракија и виното се меѓу најдобрите во светот. Надалеку е позната домашната препечена ракија или ароматичната “Струмичка Мастика”, а најголемиот и најпознатиот производител на вино е Тиквеш, со виноградите во Кавадарци и Неготино. Таа е одраз на вековна култура која го слави целосно доживувањето на виното и гарантира незборавен вкус и интензивна овошна арома на овој божествен пијалак. А тука се уште и Камник, Бовин и Попова Кула. Најпознати македонски сорти на вино се Вранец, Смедеревка и Жилавка.

 

Пријатно јадење!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*


OBAVEZNO UNIJETI

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>